company location

Контакт

М-р. Д-р.
Албена Манева Крстевска

тел:
+389 2 6151 292

моб:
+389 70 212 564

e-mail:
ohalbena@t-home.mk

повеќе...

L.I.F.E. Систем

Опрема за биофидбек тестирање и лекување

Откако го воведе функционалниот електро-динамичен тест и крајно софистицираниот cerebelum мултифункционалниот медицински инструмент во 1994 година, истражувачкиот оддел на Hippocampus институтот, учествуваше во развојот на новата лесно подвижна опрема на L.I.F.E. системот.

L.I.F.E. системот ги извршува многу брзо сите тестови на целиот организам, обезбедувајќи информации за секој субсистем, неговата метаболна состојба, класификација на податоците од нутриционален и енергетски аспект на ткивата преку биоинформатичка аналитичка постапка.

Овие тестови се прават по следниот начин:

  • специфичните сигнали за материјалната или физиолошката состојба како што се ортомолекуларните субстанци, ензими, хормони, алергени, токсини од опкружувањето, нозоди, саркоди, хомеопатски лекови итн. се емитирани од апаратот.
  • евоцираните потенцијали ги изведуваат тестовите со резултатите.
  • преку анализа на динамиката на евоцираните потенцијали се врши класификација на различните можни позитивни реакции.
  • применувајќи го тестот на сигнали во траење од неколку минути можеме да дадеме во истиот момент третман и брз одговор од организмот.

Терапијата може да биде водена директно преку активација на терапевскиот панел без да се врши тестирање, како што е случај на стимулација за коскена репарација.

Во горниот Коскен Профил можно е да се изберат различни сигнални пакети кои се однесуваат на коската и можат да бидат активирани со едноставни софтверски чекори.

Емфаза може да се користи и поставена е во повеќето терапевски панели при повеќето општи типови на пореметени состојби, за да се олесни нормализацијата на физиолошката метаболна активност.

Карактеристиките на L.I.F.E. системот е да дава можност за проверка на околу 7000 тестирани податоци и дополнително специјализирани панели како што се:

  • амино киселини, витамини, минерали
  • хормони
  • токсини
  • алергија
  • акупунктура
  • хомеопатија
  • емоции
  • рбет
  • против-стареење

Во Профилот на Меридијаните може да се тестираат 14 меридијани и сите нивни акупунктурни точки.

Енциклопедискиот опис и сликовитот прикажување на локацијата на акупунктурните точки, ја олеснува ориентацијата. Третманот е лесно да се започне со директен клик врз меридијанот или било која од акупуктурните точки и одредено траење на фидбек проценката.

Auto Feedback претставува автоматска фидбек постапка која се базира на резултатите од тестирањето.

Терапија врз одредени делови на телото можат да бидат нагласени преку панелот Quadrant Feedback.

Помеѓу другите функционални тестови, можно е да се одреди каде телото има најмногу потреба од помош; кој дел од телото најмногу може да ги користи корективните сигнали.

Активностите на прилагодување можат подобро да се изведат во последователни секвенци и тоа има многу позитивен ефект на исходот од третманот во колку можностите за адаптација на различните субсистеми е позната.

Susceptibility Index ги обезбедува овие податоци; земајќи го тоа во предвид, ориентација за наредното тестирање може да биде специфицирано, додека планот за тестирањето, поедноставен.

Резиме:

L.I.F.E. систем претставува најдобар биофидбек евоциран потенцијал и нагласено управувачка направа која може да се користи како мост помеѓу алопатската и холистичката, традиционалната и енергетската медицина.

Ги бележи реактивните, информациони стрес потенцијали обезбедени од пациентот за време на проценителната постапка. Компјутерот го проценува секој одговор, потоа поединечната информација ја враќа кон клиентот.

Овој процес го потпомогнува сопствениот природен одбранбен механизам на организмот, ги предизвикува и олеснува реакциите на адаптација и со тоа го воспоставува енергетскиот баланс и хармонија.

Тоа му овозможува на организмот да преку протокот на енергија го поврзи секое ткиво и орган, секоја мисла и секоја емоција. Токот или блокадата на енергијата силно влијае на комуникациониот систем кое демонстрира ментално - телесна интелигенција.

Вознемирувачкиот стрес фактор може да биде индетификуван, кое предизвикува реакција на аларм во телото, кој во колку не е под контрола на самиот организам, доведува до дистрес и функционални симптоми. Функционалните симптоми во колку не бидат корегирани доведуваат до постојано целуларно, ткивно и органско пореметување како и хистолошки оштетувања.

L.I.F.E. системот помага во индентификација на секој стрес фактор и ја олеснува активноста на специфичната дистрес адаптација на организмот.

L.I.F.E. системот е најсовремен биофидбек тест единица кој е на располагање.